„Рапид билд“ ќе го гради интерконекторот со Грција, почнува изградбата

Во близина на Неготино денес ќе започне конструкцијата на гасниот интерконектор со Грција, кој од македонска страна ќе го гради кумановската фирма „Рапид Билд“, со која во мај беше склучен договор.

На церемонијата, која е организирана од страна на државната компанија НОМАГАС, која стопанисува со националната гасоводна мрежа, најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за енергетика Сања Божиновска, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно уредување Изет Меџити, како и други владини претставници и меѓународни партнери.

Компанијата „Рапид Билд“ достави најповолна понуда од 59,9 милиони евра, што беше за 12 милиони евра пониска од второпласираната понуда на компанија од Србија.

Министерката за енергетика, при потпишувањето на договорот во мај, изјави дека очекувањата се изградбата да трае 22 месеци, а интерконекторот да биде завршен во 2027 година: “очекувањата се изградбата да трае 22 месеца, а интерконекторот да биде готов во 2027 година”.

Вкупната инвестиција изнесува околу 60 милиони евра. Македонскиот дел од интерконекторот има должина од 67 километри и се протега од Гевгелија до Неготино.

Од грчка страна, интерконекторот е со должина од 123 километри и речиси е завршен.

Гасното поврзување со Грција ќе и овозможи на државата да има повеќе извори на природен гас, бидејќи во моментов единствената врска за природен гас е преку Бугарија.


1179

Задолжително

Verified by MonsterInsights