Владата овозможи шест бесплатни обиди за ин витро оплодување – силна поддршка за родителството и демографијата

Собранието на Република Македонија, по предлог на Владата, ги усвои измените на Законот за здравствено осигурување, со кои се проширува обемот на финансиска поддршка за постапките за ин витро оплодување. Според новите законски решенија, секое семејство ќе може шест пати да ја користи оваа процедура со целосна финансиска поддршка од Фондот за здравствено осигурување.

Со оваа мерка, Владата испраќа силна и јасна порака дека родителството е приоритет, а борбата против неплодноста – едно од најчувствителните здравствени и општествени прашања – добива институционален третман каков што заслужува.

„Репродуктивното здравје е дел од основните човекови права. Владата стои цврсто зад секое семејство кое сака да создаде потомство. Ова е инвестиција во иднината,“ изјавија од Министерството за здравство.

Според проценките, новата мерка ќе опфати стотици парови кои досега, поради ограничувањата на претходната регулатива, беа принудени да се откажат по неуспешен третман или да го покриваат трошокот приватно.

Оваа одлука е дел од пошироката стратегија на Владата за справување со негативните демографски трендови, преку мерки кои го поттикнуваат наталитетот, ја олеснуваат грижата за деца, и обезбедуваат еднаков пристап до медицинска поддршка за сите граѓани.

Владата уште еднаш покажа дека знае да препознае и да одговори на реалните потреби на граѓаните, особено кога станува збор за прашања кои директно ја засегаат иднината на државата.

Со оваа мерка, Македонија се приклучува кон европските практики на социјално одговорни држави кои го поддржуваат правото на родителство, а со тоа и градењето на здраво, стабилно и демографски одржливо општество.


1273

Задолжително

Verified by MonsterInsights