Мицкоски за Георгиев: Оставете го тоа момче, му дале задача да се задева исто како глушецот со лавот

Прашан дали ќе има реакција поради тоа што шефот на бугарската дипломатија го нарече „северномакедонски премиер“, Мицкоски изјави дека „тоа момче“ е пратено за да привлече внимание од влада која во заднина ја раководи некој друг.

Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да ја коментира изјавата на шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев, кој денеска изјави дека со отстранувањето на „македонски јазик и идентитет“ од извештајот за С Македонија во Европскиот парламент (ЕП), успеале да спречат ЕП да биде искористен за домашната политичка пропаганда на, како што го нарече, „северномакедонскиот“ премиер.

Мицкоски министерот за надворешни работи на Бугарија го нарече момче, кое нема намера да го коментира.


1318

Задолжително

Verified by MonsterInsights