Првите 20 км од автопатот Кичево – Охрид (Врбјани до Ботун) СЕ ПУШТЕНИ ВО УПОТРЕБА
Пуштени се во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, на потегот од Врбјани до Ботун.

Пуштањето во употреба на оваа делница за власта е показател за разликата меѓу неа и политичките опоненти и доказ за посветеноста и работата на оваа Влада, наспроти минатата која го оставила како проект кој бил заборавен и напуштен, на кој немало работници инженери, ниту машини.На пуштањето во употреба премиерот Христијан Мицкоски имаше свое обраќање:
„Секој метар од овој автопат е изградeн со напорна работа, но и со јасна волја за напредок, волја да се стави крај на неуспесите од минатото. И не застануваме тука- следната година, автопатот Кичево- Охрид ќе биде целосно завршен и ставен во функција. И тоа нема да биде случајна победа, туку планиран успех- резултат на вредна, секојдневна, одговорна работа.
Паралелно со ова, се реализираа и низа други капитални проекти низ целата земја. Во само една година, со работа и посветеност, успеавме да пуштиме во употреба: