Јубилејно издание на Фестивалот „Хармониките 2025“ – виртуозност, традиција и нови музички хоризонти

Во рамките на БИТФЕСТ, годинава се одржува десеттото јубилејно издание на фестивалот „Хармониките 2025“, што ќе се случи на 15 и 16 јули, во Свечената сала на КИЦ Офицерски, со почеток во 20 часот.

Фестивалот, кој во изминатата деценија се етаблираше како значајна платформа за афирмација на хармониката и македонската музичка традиција, ќе ги обедини некои од најзначајните имиња на македонската и балканската музичка сцена.

Меѓу учесниците се издвојуваат: Кирил Стојчевски, проф. д-р Илчо Јованов, Сашко Велков, Дарко Илиевски, Јове Кекеновски, Горан Алачки, Зисо Пуровски, Давид Велков, Димитриј Стојчевски, Давид Стојчевски, Мендо Ташковски, Дарко Кулевски, Димитар Митревски, Александар Николовски, Костадин Крстески, како и вокалната изведувачка Софија Пуровска, придружена од Петар Коштревски на кахон и Благојче Трајковски на кларинет.

Во рамките на фестивалот, на 16 јули (среда) во 14 часот, ќе се одржи и стручен семинар посветен на македонската народна музика, на кој ќе учествуваат универзитетски професори, предводени од проф. д-р Илчо Јованов и специјалниот гостин од Србија, проф. д-р Зоран Ракиќ.

Организатори на фестивалот се Сашко Савевски и Кирил Стојчевски, кои најавуваат две фестивалски вечери исполнети со музичка виртуозност, интерпретативна длабочина и исконска енергија на традицијата.


1666

Задолжително

Verified by MonsterInsights