Министерката Сања Божиновска се сретна со претставници на Светска банка

Таа на нејзиниот ФБ профил напиша:

Имав одлична работна средба со претставници на Светска банка – наш долгогодишен и докажан партнер во енергетиката.

Разговаравме за нови можности за соработка, фокусирани на забрзана енергетска транзиција, модерна инфраструктура и проекти што ќе донесат директна корист за граѓаните. Особено интересна беше дискусијата за нов механизам – „Програма за резултати“, преку која ќе можеме да реализираме долгорочни проекти со јасно мерливи резултати. ✅

🔋 Дополнително, заедно ја отворивме темата за нов проект за енергетска ефикасност во домаќинствата – иницијатива што ќе значи пониски сметки и подобри услови за живеење.

📌 Од наша страна предложивме конкретни идеи за идна соработка – поддршката што ја добивме е целосна и безрезервна.

Продолжуваме посветено – чекор по чекор – кон почиста, поефикасна и посигурна енергетска иднина. 🇲🇰


1168

Задолжително

Verified by MonsterInsights