Битола лидер во капиталните инвестиции: Потпишани 65 проекти вредни 707 милиони денари
Најголем број договори од вториот јавен повик на Владата – со проекти преку пет министерства
Општина Битола е апсолутен лидер по бројот на потпишани договори во рамките на вториот јавен повик од инструментот за капитални инвестиции на Владата. На денешната церемонија во Владата, градоначалниците на општините ги потпишаа договорите со надлежните министерства, меѓу кои Битола се истакна со вкупно 65 одобрени проекти, вредни околу 707 милиони денари.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги потпиша договорите за проекти распределени во рамки на пет министерства. Од нив:
- 27 проекти се во соработка со Министерството за транспорт,
- 22 проекти со Министерството за животна средина и просторно планирање,
- 12 проекти со Министерството за образование и наука,
- по 2 проекти со Министерството за спорт и Министерството за култура.
Оваа значајна инвестиција претставува конкретна поддршка на локалниот развој, инфраструктурата, екологијата, образованието и културата во општината.
Инаку, во првиот повик, кој беше објавен во септември 2024 година, Општина Битола доби поддршка за 16 проекти со вкупна вредност од околу 230 милиони денари, при што општината учествуваше со кофинансирање од околу 45 милиони денари.