Методија Куновски – кандидат на СДСМ за градоначалник на Битола

Соопштение од претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, донесе официјална потврда дека новинарот и поранешен медиумски работник, Методија Куновски, ќе ја носи кандидатурата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за градоначалник на општина Битола на претстојните локални избори.

Куновски е познат на битолската јавност како долгогодишен уредник во локалната телевизија „Орбис“, каде што се истакна со своето новинарско ангажирање и професионален пристап кон темите од јавен интерес. По завршувањето на неговата новинарска кариера, Куновски беше именуван за портпарол на РЕК Битола, една од најзначајните енергетски компании во земјата.

По промената на централната власт, Куновски ја презеде функцијата претседател на општинската организација на СДСМ во Битола, каде што активно работеше на реорганизација и зајакнување на партиските структури на локално ниво.

Партиски извори наведуваат дека Куновски во својата кандидатура влегува со поддршка од локалните членови и симпатизери, а неговото именување е резултат на темелна анализа на теренот и подготвителен процес во рамките на СДСМ.

Изборите се очекува да се одржат оваа есен, а со оваа најава започнува и формалниот политички натпревар за градоначалничката функција во Битола – една од клучните општини во државата.


1419

Задолжително

Verified by MonsterInsights