Со концертен спектакл започна Пиво Фест 2025 во Прилеп
Во одлична атмосфера и под отворено небо, синоќа започна годинешното издание на Пиво Фест 2025 во Прилеп. Илјадници посетители уживаа во богата музичка програма, со која беше одбележана првата фестивалска вечер.
Фестивалот го отвори Кристијан Демјански & Escape Band, кои донесоа енергичен почеток. Следеше настапот на Наташа Малинкова, која со својот шарм ја освои публиката, а атмосферата кулминираше со Антониа Гиговска, која приреди вистински сценски спектакл.
Врвот на вечерта беше заокружен со настапот на Ристо Самарџиев, Андријана Јаневска и Наде Талевска, придружени од Битолскиот камерен оркестар, нудејќи незаборавно музичко доживување за сите присутни.

За крај, музичката забава продолжи до доцна во ноќта со сетот на DJ Martin Kay.
Своја добредојдена реч имаше и градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, кој официјално го прогласи фестивалот за отворен и на присутните им посака пријатен престој и добра забава.
Пиво Фест 2025 продолжува со уште две фестивалски вечери, кои најавуваат нови музички имиња, забава и традиционално добра атмосфера.