Делегација на Армијата предводена од генерал-мајор Сашко Лафчиски во официјална посета на Вооружените сили на Турција

Делегација на Армијата предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, престојува во официјална посета на Вооружените сили (ВС) на Република Турција.

За време на престојот генералот Лафчиски ќе оствари средби со својот домаќин, началникот на Генералштабот на ВС на Република Турција, генерал Метин Ѓурак и министерот за одбрана, Јашар Ѓулер. Согласно програмата, на средбите ќе се разговара за тековната билатерална воена соработка, како и можностите за понатамошно проширување на билатералната воена соработка во областите од заемен интерес помеѓу двете пријателски држави.


1207

Задолжително

Verified by MonsterInsights