Одбележан 35-тиот роденден на ОК ВМРО-ДПМНЕ БИТОЛА
Со достоинство, благодарност и заедништво, вечерва свечено беше одбележан 35-годишниот јубилеј на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола – три и пол децении политичка истрајност, идеја и борба за подобра иднина на Битола и Македонија.
Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола, Пеце Милевски, им оддаде признание на основачите и првите членови, кои со визија и храброст ја поставија идеолошката рамка на партијата уште во времиња кога мислата за промена беше чин на непокор.





Во свечената атмосфера беше претставен Тони Коњановски како кандидат за втор мандат за градоначалник на општина Битола – човекот кој во изминатиот мандат зад себе остави резултати, проекти и основа за уште поголем развој.
Поддршка за настанот даде и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, кој подвлече дека Битола е бастион на партијата и дека довербата во Коњановски значи избор за стабилност, развој и нови инвестиции во градот.





„Битола отсекогаш знаела да го избере вистинскиот пат – патот на работа, вредности и визија“, порача Сајкоски.
Со нова енергија и единство, ВМРО-ДПМНЕ продолжува напред – за силна Битола и силна Македонија! 🇲🇰





Да се потсетиме…
Основачкото собрание на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола се одржа на 17 јули 1990 година, во големата сала на Домот на културата во Битола.
Салата беше преполна – немаше игла каде да се фрли – исполнета со патриоти кои со срце и душа се залагаа за една идеја: самостојна и суверена македонска држава надвор од границите на СФРЈ.
Тој ден останува врежан како симбол на храброст, надеж и почеток на едно движење што и денес живее.







