СЛЕПЧЕ – НАСЕЛБА СО ГОЛЕМИ ЛУЃЕ И УШТЕ ПОГОЛЕМИ СРЦА!

Уште во 1900 година, познатиот руски научник и македонозналец Никодим Кондаков го забележал тоа што и денес се потврдува: Слепчани се народ со напреден дух, жив карактер и силно чувство за заедништво-сосема поразлични од другите демирхисарски села. И ова лето – уште еден доказ!

Синоќа, на пречекот на Битолската илинденска коњаница, Слепче приреди настан што долго ќе се памети. Спектаклот беше резултат на вложен труд, ентузијазам и љубов кон селото – организиран од „Кафе бар 501“, Црковниот одбор и Местната заедница.

Особени импресии кај присутните предизвика Благоја Котевски – Меше, кој со своето семејство живее и работи во САД, но овие денови е во родното Слепче. Тој целиот настан го спонзорираше со лични средства, обезбедувајќи комплетна угостителска услуга. Средствата собрани од продажбата беа насочени за покривање на трошоците на настанот, а останатите ќе бидат донирани на црквата „Св. Никола“.

Присутните го истакнуваа неговиот гест како пример на вистинска филантропија, дарежливост и силна духовна поврзаност со родниот крај.

Ова не беше само обичен дочек – ова беше празник на припадноста, на заедништвото и на љубовта кон традицијата.

Настанот беше организиран беспрекорно – со вкус, срце и почит – и заслужува јавно признание од целата заедница!!


1457

Задолжително

Verified by MonsterInsights