Остварените вкупни приходи на Транскоп АД Битола бележат зголемување од 3,89%
Сметководстваните политики и методи на вреднување при составување на финансиските извештаи за период од 01.01.2025 до 30.06.2025 година се непроменети и се применуваат конзистентно со оние кои се применети при составување на финансиските извештаи од претходната година, информираат од Македонска Берза.
Имено, Друштвото Транскоп АД Битола за периодот од 01.01.2025 до 30.06.2025 година, оствари позитивен финансиски резултат од 6.543 илјади денари искажан во неревидираниот биланс на успех.
Остварените вкупни приходи од работењето на Патнички сообраќај Транскоп А.Д. Битола во периодот од 01.01.2025 до 30.06.2025 година, изнесуваат 58.314 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи во истиот период претходната година, бележат зголемување од 3,89%.
Од овој приход, на основната дејност на друштвото отпаѓа најголем дел, односно 58.242 илјади денари или 99.88%
Оперативните приходи во износ од 58.242 илјади денари бележат зголемување од 3.79% во споредба со оперативните приходи во истиот период претходната година.
Финансиските приходи учествуваат со 0.12% во вкупните приходи.
Вкупните расходи од работењето во износ од 51.771 илјади денари, бележат намалмување од 3.27% во однос на вкупните расходи во истиот период претходната година. Најголемо учество во вкупните расходи со 36.14 % имаат трошоците за вработените во износ од 18.713 илјади денари. Трошоците за вработени бележат раст од 2,43% во однос на минатата година, пред се како резултат на зголемување на минималната плата.
Во периодот од 01.01.2025-30.06.2025 Друштвото изврши инвестиции односно го обнови возниот парк со набавка на три половни автобуси од Германија и набавка на еден нов минибус од домашен добавувач. Дел од средствата за набавка на возилата се обезбедени од сопствени средства, а дел од банкарски кредити за инвестиции.
Финансиските расходи (камати од кредити) во износ од 970 илјади денари бележат намалување за 3,61% во однос на истиот период од претходната година.