Увид во работите на реконструкцијата на канализационата мрежа на улицата „Панде Кајзеро“
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со директорот на КЈП „Нискоградба“, Зоран Талевски, денеска извршија теренски увид во текот на градежните активности за реконструкција на мешовитата канализациона мрежа на улицата „Панде Кајзеро“.
Проектот е финансиран преку првиот повик на Владата за капитални инвестиции во 2024 година, со вкупна вредност од 3.249.089 денари.
Канализационата линија што е предмет на реконструкција се состои од два независни крака:
- Крак 1 се протега од југ кон северозапад, започнувајќи од постоечка ревизионa шахта на улицата „Илинденска“ и завршува непосредно пред кривината. Вкупната должина на овој крак изнесува 309,70 метри.
- Крак 2 се протега од запад кон исток, започнувајќи од ревизионa шахта на улицата „7-ми Јули“ и завршува пред кривината, во должина од 50,80 метри.
Во рамки на проектот, постоечките бетонски цевки ќе бидат отстранети и заменети со нови коругирани полиетиленски (ПЕ) цевки, класа SN 8, со внатрешен пречник од 300 мм.
Втора фаза: Изградба на нов коловоз
По завршувањето на реконструкцијата на канализационата мрежа, проектот продолжува со втората фаза, која веќе е започната со отстранување на постоечката калдрма. Ќе следува изградба на нов коловоз во должина од 380 метри, со вредност од 5.385.770 денари, исто така обезбедена преку капиталниот повик на Владата.