Никој не знае што точно се случи во 1995.
Ниту тогаш.
Ниту сега.
Но едно е сигурно, во таа година Паркети го издадоа својот прв албум „Грижа на совеста“, и оттогаш не престанаa.

На 21 август, ги славиме тие 30 години непокор, на терен што не е ниту сцена, ниту стадион — туку ракометното игралиште.
Бидејќи само таму собира толку многу љубов, глас и луѓе што не се срамат да пеат „На месечина те заборавив“ и да скокаат на „Строубери“.

Ова не е концерт за елитите.
Ова е концерт за оние што се сеќаваат на бендот уште кога беа мали и носеа маици со лого Анархија, за оние што оделе на свирка дури и кога немало струја.
Ова е бенд и за новите деца, кои допрва ќе откријат дека Паркети постоеле пред TikTok, пред WiFi, пред… безлактозното млеко.

Паркети & Френдс на голем битолски концерт 

▪️
▪️
▪️

Гости?
Наскоро објавуваме кои ќе бидат.
Само да видиме кој се сѐ уште има глас и кичма да не поддржи.

Добредојдени се сите, освен фејкерите 

😎
❤️

1267

Задолжително

Verified by MonsterInsights