„ЗНАМ“ повторно со граѓаните на Битола!
Тимовите на општинската организација на движењето “ЗНАМ”, повторно излегоа на терен за да го слушнат гласот на битолчани.
На неколку локации низ градот разговаравме за клучните потреби и предизвици со кои се соочуваат жителите во Битола– од инфраструктура и образование до култура и екологија.

Секој разговор, секој предлог е важен, бидејќи нашата програма за локалните избори се гради директно од гласот на народот и во таа насока веруваме дека вистинските промени започнуваат од дијалогот со заедницата.
Благодариме на довербата и учеството! Продолжуваме да работиме за поубава Битола
