ФК Пелистер со нова енергија во новата сезона – прв меч против Вардар

Со амбиции за уште подобри резултати, ФК Пелистер ќе ја започне новата сезона во Првата фудбалска лига в петок (8 август) со гостување кај Вардар во Скопје. Натпреварот ќе се игра од 20:00 часот.

По освоеното шесто место во минатата сезона, клубот влегува во новото првенство со реновиран тим, нова клупска управа и нов шеф на стручниот штаб, со јасна цел – стабилен развој и подигнување на спортските стандарди.

ФК Пелистер и понатаму е поддржан од единствениот акционер, Општина Битола, која обезбеди буџет за исполнување на клупските цели и понатамошна стабилизација на клубот.

Градоначалникот Тони Коњановски денес ги посети фудбалерите пред попладневниот тренинг, упатувајќи им желби за добро здравје и успешна сезона. Тој истакна дека општинската поддршка останува континуирана, а во соработка со Фудбалската федерација на Македонија се работи на завршување на проектот за целосна реконструкција на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола.


1337

Задолжително

Verified by MonsterInsights