СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС 35-ТО ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ

10 август 2025 година, Скопје, Македонија – Денес во големата сала на Советот на Град Скопје се одржа триесет и петтото Генерално собрание на Светскиот Македонски конгрес (СМК). 35-то Генерално собрание за отворено го прогласи претседателот на СМК, Тодор Петров.

Пратениците на 35-то Генералното собрание со едноминутно молчење изразија искрено сочувство до семејствата и пријателите на загинатите во националната трагедија во дискотеката “Пулс” во Кочани на 16 март годинава. 35-то Генерално собрание на СМК им посака заздравување и рехабилитација на повредените во националната трагедија во Кочани, истовремено ги поддржа родителите кои секоја сабота протестираат за остварување на барањата за правда и одговорност од надлежните.

Поради 10 август како Светски ден на семакедонското помирување и обединување и Ден за сеќавање на геноцидот врз Македонскиот народ, 35-то Генерално собрание со едноминутно молчење им изрази искрено сочувство на жртвите од геноцидот врз Македонскиот народ во сите војни.

35-то Генералното собрание на СМК, за членови на работното претседателство ги избра: (1) Тодор Петров, претседател, (2) Аце Илиевски член на Претседателството на Светскиот Македонски Конгрес Австралија од Мелбурн, (3) Ацо Крстески претседател на Светскиот Македонски Конгрес Европа од Штутгарт, (4) Борче Стефановски, генерален секретар на Светскиот Македонски Конгрес од Скопје, и (5) Туркан Љокановци претседател на Горанското друштво од Скопје.

На предлог на работното претседателство, 35-то Генерално собрание за членови на Верификационо-изборната комисија ги избра: (1) Билјана Челик, претседател и членови: (2) Мерт Караташ Јурукоски, и (3) Златко Гелебешев.

35-то Генерално собрание на СМК го поздрави присуството на Извршниот директор на Обединетата Македонска Дијаспора за Македонија и Европа, Гордан Јорданов, кој ги поздрави присутните и посака успешна работа и соработка.

Поздравни телеграми до 35-то Генерално собрание на СМК пристигнаа од Светскиот Македонски Конгрес Канада, Светскиот Македонски Конгрес САД, Светскиот Македонски Конгрес Австралија, Светскиот Македонски Конгрес Азија и Светскиот Македонски Конгрес Африка, Македонската радио програма Трипати Зет од Мелбурн Австралија, претседателот на Сојузот на Македонците со исламска религија Љатиф Пајковски, почесниот претседател на Сојузот на Македонците со исламска релгија Исмаил Бојда и директорот на Агенцијата за иселеништво господин Горан Ангелов.

35-то Генерално собрание на СМК донесе одлука за прием на Македонски институт Хелиос од Амстердам, Холандија за полноправен член во Светскиот Македонски Конгрес.

35-то Генерално собрание на СМК го усвои Извештајот на верификационо-изборната комисија дека, на Триесет и петтото Генерално Собрание на Светскиот Македонски Конгрес присуствуваат 103 пратеници од 35 здруженија од сите делови на Македонија и од целиот свет, со право на глас, и 35-то Генерално собрание на СМК може полноважно да работи и да одлучува со мнозинство од присутните. Со верификацијата на мандатот на пратениците, се стекнуваат со правата и обврските на пратеници во Генералното собрание утврдени во Статутот на СМК.

35-то Генерално собрание на СМК: (1) Го прогласи составот на претседателството на СМК Австралија: Аце Илиевски, Горан Котев, Љупчо Колевски, Тони Китановски, Ник Анастасовски, Роберт Стојановски, Кире Каракостов, Борче Димоски, Даниел Илоски и Николче Илиевски; (2) Го прогласи работниот состав на претседателството на Светскиот Македонски Конгрес, претседателот, почесниот претседател и генералниот секретар на Светскиот Македонски Конгрес, претседателите на СМК за Канада, САД, Европа, Австралија, Азија и Африка и претседателот на Светскиот Македонски Младински Конгрес; (3) За шеф на Постојаната мисија на СМК при Организацијата на Обединетите нации во Њујорк го именува проф.д-р Игор Јанев од Белград, Србија, а за заменик шеф на Постојаната мисија на СМК при ООН во Њујорк го именува Ѓерѓи Тане од Њујорк, САД; (4) За шеф на Пoстојаната мисија на СМК при Руската Федерација во Москва и за координатор на СМК за Руската Федерација го именува Димитар Пивковски; (5) За шеф на Постојаната мисија на СМК при ООН во Женева го именува Златко Николовски од Женева, Швајцарија; (6) За шеф на Постојаната мисија на СМК при Европската Унија во Брисел го именува Џон Тодоровски од Амстердам, Холандија; (7) За шеф на Постојаната мисија на СМК при Советот на Европа во Стразбур го именува Џон Тодоровски од Амстердам, Холандија; (😎 За шеф на Постојаната мисија на СМК при ОБСЕ во Виена го именува Горан Спасеноски од Грискирхен, Оберостерих, Австрија; (9) За шеф на Постојаната мисија на СМК при Арапската Лига во Карио, го именува Јошко Станковиќ од Скопје, Македонија; (10) За советник за македонско-турските односи го именува Шенол Мемиш, претседател на Македонско-турското здружение “Мустафа Кемал Ататурк” од Битола; (11) За советник на СМК и за координатор на СМК за Јужно-Африканската Република го именува Васко Поп-Гонов; (12) За координатор на СМК за Белград и Војводина го именува Јане Трендафиловски од Белград, Србија; (13) За координатор на СМК за Шумадија, Западна, Источна и Јужна Србија и Косово го именува Марко Јовановиќ од Врање, Србија; (14) За претседател на Одборот за чествување на Александар Трети Македонски го избра Никола Ристевски. Го прогласи составот на Одборот за чествување на Александар Трети Македонски: Никола Ристевски, претседател и членовите Васил Иљов, Љубе Христовски алијас Дардан Венетски, Вангел Божиновски и Томче Ширков; и (15) За советник на СМК го именува Светозар Филипов.

35-то Генерално собрание на СМК ја донесе Резолуцијата за геноцидот врз Македонскиот народ, во која се вели: (1) Во Балканските војни 1912-1913 година извршена е окупација врз Македонија и геноцид врз Македонскиот народ што траат до денес. Државите учеснички во овие војни ги сметаме за окупатори! (2) Бараме државите учеснички во овие војни да се извинат за сите историски и општествени неправди и злосторства и да ги осудат окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ. (3) Бараме репарации за штетите по животите и имотите на насилно прогонетите Македонци и за експлоатацијата на природните и археолошките богатства на Македонија под окупација од Балканските војни до денес. (4) Бараме права и слободи за Македонците во соседните земји на државата Македонија како еднакви со еднаквите и рамноправни со рамноправните. (5) Бараме враќање на граѓанските права на насилно прогонетите Македонците од Егејскиот дел на Македонија под јурисидкција на Република Грција и на нивните потомци, од Првата и Втората Балканска Војна, Првата и Втората Светска Војна и Граѓанската Војна во Грција – правото на државјанство и имотните и наследните права. (6) Бараме Собранието на Република Македонија, Генералното собрание и земјите членки на Обединетите Нации, Европскиот Парламент, Парламентарното собрание на Советот на Европа и Самитот на ОБСЕ да донесат посебна Резолуција за осуда на окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни до денес, со прогласување на 10 август за Меѓународен ден за осуда на геноцидот врз Македонскиот народ. (7) Бараме Владата на Република Македонија да побара продолжение на Генералното собрание на Обединетите Нации за реемиграција на децата бегалци од 1948 година и нивните наследници во своите родни места и утврдување на ефективни мерки по тоа прашање. ( 😎 Ја почитуваме неповредливоста на граница на Република Македонија со соседите и декларираме дека Македонците немаат територијални претензии кон соседните држави. (9) Иницираме изградба на Музеј на геноцидот врз Македонскиот народ. (10) Очекуваме продолжување на постапката за изградба на Споменик за жртвите од Првата светска војна на Кајмакчалан, по одлука на Советот на општина Новаци на предлог од Светскиот Македонски Конгрес и изградба на патот од општина Новаци до Кајмакчалан. (11) Бараме Македонската Влада преку Министерството за култура да формира државна комисија за истражување на геноцидот врз Македонскиот народ, а наодите да ги објави во повеќетомно издание на повеќе светски јазици. (12) Бараме Парламентот на Република Грција да ја ратификува Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства од Советот на Европа, утврдена на 22 септември 1997 година. (13) Се поддржува предлог-Резолуцијата за геноцидот врз Македонскиот народ до Генералното собрание на Организацијата на Обединетите Нации преку Македонската Влада по иницијатива на група интелектуалци од 18 јуни 2025 година. (14) Бараме Македонската влада односите со Бугарија да ги темели на југословенско-бугарската Бледска спогодба од 1947 година склучена меѓу Јосип Броз Тито и Георги Димитров за културна и етничка автономија на Македонците во Пиринска Македонија. (15) Бараме Македонската влада да побара од Европската Унија да ја поништи Лисабонската декларација од 27 јуни 1992 година усвоена на Европскиот совет на Европската заедница за поранешна Југославија што се однесува за признавањето на Република Македонија “со име што нема да го вклучува терминот Македонија”, отфрлена и во декларацијата на Собранието на Македонија од седницата одржана на 3 јули 1992 година (“Службен весник на Република Македонија” број 40/1992). (16) Бараме Македонската влада да поднесе тужба до Меѓународниот суд на правдата против Бугарија и Грција за геноцид врз Македонскиот народ.

35-то Генерално собрание на СМК ја донесе Резолуцијата за името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ, во која се вели: (1) Македонија е држава на Македонскиот народ во која сите се еднакви пред Уставот и законите независно од етничкото потекло, верското уверување, социјалниот статус, општествената положба и политичката определба. (2) Бараме итно и безусловно еднострано раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година, и за тоа претседателот на Републиката, премиерот или министерот за надворешни работи на Македонија со нота да ги извести Владата во Софија и Генералниот секретар на Организацијата на Обединетите Нации. (3) Бараме итно и безусловно еднострано раскинување на Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, и за тоа претседателот на Републиката, премиерот или министерот за надворешни работи на Македонија со нота да ги извести Владата во Атина и Генералниот секретар на Организацијата на Обединетите Нации. (4) Бараме итно и безусловно еднострано распуштање на македонско-бугарската и македонко-грчката меѓувладина комисија за ревизија на македонската историја. Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, отфрлаат нова октроирана политичка историја на Македонскиот народ и државата Македонија, по барање на туѓи и други метрополи и интереси: Македонија од држава да стане територија без Македонски народ и историја, чии администратори ќе бидат Атина и Софија! Изразуваме разочарување од индолентноста на македонско-бугарската и македонско-грчката меѓувладина комисија за ревизија на македонската историја, по реакциите од македонската наука и стручната јавност во Македонија. Бараме сите учебници и наставни планови и програми во воспитно-образовните установи по историја, географија и македонски јазик да се вратат во претходната состојба без препораките на македонско-бугарската и македонско-грчката меѓувладина комисија за ревизија на македонската историја. Отфрламе заедничко чествување на датуми, настани и личности помеѓу Македонија и Бугарија, и Македонија и Грција, освен 9 Мај – Денот на победата над фашизмот. (5) Бараме Владата да ги огласи за ништовни, а Уставниот суд да ги поништи Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, Указот за прогласување на Законот за ратификација на Спогодбата Димитров-Коѕиас, Законот за ратификација на Спогодбата Димитров-Коѕиас, амандманите 33, 34, 35 и 36 од Уставот на Република Македонија и Уставниот закон за нивно спроведување од 11 јануари 2019 година, бидејќи се во спротивност со домашното и меѓународното право, претставуваат грубо кршење на членовите 46 и 53 од Виенската конвенција за договорно право од 23 мај 1969 година, и се во спротивност со неотуѓивото, нерикосновено и неотстапно веќе апсолвирано универзално право на самоопределување и самоидентификација на Македонскиот народ на сопствена држава Македонија. Бараме кривична одговорност за членовите на Владата и пратениците кои гласаа за ратификација на Спогодбата Димитров-Коѕиас со казна доживотен затвор и конфискација на личниот имот и имотот на членовите на нивните семејства, дома и во светот, за најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото, што не застаруваат! (6) Бараме итно и безусловно продолжување на членството во Организацијата на Обединетите Нации под единственото државно, историско и генеричко име кое се состои само од еден и единствен збор – зборот Македонија, со резолуција до Генералното собрание на Организацијата на Обединетите Нации, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (Republika Makedonija) туку на англиски јазик Republic of Macedonia, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик на англиски јазик Macedonian people и Macedonian language, независно од историските хипотеки – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни 1912-1913 година до денес. (7) Потсетуваме дека идентитетот не е само јазикот, туку името, државата, народот, јазикот, културата, историјата и територијата заедно, секоја нација има право на своја национална историја, независно од разликите во читањето од аспект на актуелната геополитика. ( 😎 Предлагаме историско помирување на Македонскиот народ со соседните народи и договори за траен мир и добрососедство помеѓу државата Македонија со соседните држави, но врз основниот принцип на меѓународното право на суверена еднаквост, што значи: взаемно разбирање и почитување, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи! Во таа смисла, макар и еднострано, декларираме: Културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите помеѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации! (9) Во согласност со референдумот од 8 септември 1991 година и референдумот од 30 септември 2018 година, Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината отфрлаат пристапување на државата Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО Алијансата поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, и наци-фашистичкото барање на Грција и Бугарија за промена на името, јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија. Македонија мора да ја прилагоди својата надворешна политика на новата геополитичка карта на мултиполарниот свет и да гради политики на активен мултилатерализам – од пријатели никогаш доста, но надвор од воени сојузи. Европската Унија и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! (10) Оваа Резолуција се доставува до: Собранието, Владата и Претседателот на Македонија како и до Организацијата на Обединетите Нации, Европската Унија, Советот на Европа, ОБСЕ, НАТО и дипломатско-конзуларните претставништва во Македонија.

35-то Генерално собрание на СМК ја донесе Резолуцијата за Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Јустинијана Прва, во која се вели: (1) Се поддржува името, статусот, достоинството и јурисдикцијата на Македонската Православна Црква како помесна автокефална црква која претставува дел од Едната Света Соборна и Апостолска Црква и една и единствена легална и легитимна канонска наследничка на древната и славна автокефална Охридска Архиепископија односно Патријаршија и Јустинијана Прва. Друго службено име на Македонската Православна Црква е Охридска Архиепископија односно Патријаршија и Јустинијана Прва. (2) И покрај сите разлики и историски хипотеки, сметаме дека македонското црковно прашање е затворено со патријаршкиот и соборски Томос за автокефалност на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од Српската Православна Црква – Печка Патријаршија од 5 јуни 2022 година. (3) Го отфрламе секој обид од било чија страна за промена на името, статусот, достоинството и јурисдикцијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија односно Патријаршија и Јустинијана Прва. Отфрламе име за внатрешна и име за надворешна употреба на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. (4) Отфрламе било каква промена на титулата на поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во односите со секој и со сите, во светот и татковината, освен Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, кој се ословува со Ваше Блаженство. (5) Сметаме дека Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија е еден и единствен сопственик на сите православни епархии, цркви и манастири во државата Македонија и на македонските православни епархии, цркви и манастири надвор од нејзината територија. Сите православни епархии, цркви и манастири во државата Македонија се под јурисдикција и сопственост на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. (6) Отфрламе македонска православна црква и манастир во државата Македонија и надвор од неа да стане ставропигијален, односно под јурисдикција на друга помесна православна црква. (7) Отфрламе евхаристиска заедница и канонско единство на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија со Православната Црква на Украина возглавена од митрополитот Епифаниј под јурисдикција на Грко-Православната Патријаршија на Истанбул. ( 😎 Го повикуваме Светиот Архиерејски Синод, архиепископот, митрополитите, епископите, свештениците, монасите, монахињите, монашките братства и сестринства и верниците на единство во одбрана на името, статусот, достоинството и јурисдикцијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Јустинијана Прва. (9) Бараме поткренување на достоинството на Македонската Православна Црква од Архиепископија во Патријаршија со поглавар титулиран како Патријарх Македонски (или “на цела Македонија) и на Јустинијана Прва, Архиепископ Охридски и Митрополит Скопски. (10) Протестираме за неканонскиот упад на Грко-Православната Патријаршија на Истанбул на 9 април 2023 година, и грубо мешање во јурисдикацијата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. Бараме Светиот Синод на МПЦ-ОА да ги поништи грамотите на Грко-Православниот Патријарх на Истанбул г.г. Вартоломеј од 9 април 2023 година, загрижени од инсталација на паралелна ерархија во Македонија. (11) Бараме Светиот Архиерејски Синод да ја униформира свештеничката облека на македонските епископи, свештеници, ѓакони и монаси и монахињи – мантијата (подрасникот), елекот, расото (горната мантија) и камилавката, како средство за зајакнување на почитта кон Божественото, што постојано потсетува на светата мисија на клирот.

35-то Генерално собрание на СМК ја донесе Резолуцијата во врска со барањето на Европската Унија за изменување и дополнување на Уставот на државата Македонија, во која се вели: (1) Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, отфрлаат впишување на “етнички Бугари“ како државотворен народ во преамбулата и членовите 49 и 78 од Уставот на државата Македонија! Бугарите не се државотворен народ во Македонија, биле окупатори, од Балканските војни, се’ до фашистичката окупација за време на Втората светска војна! Софија веќе одамна знае дека нивните ДНК корени се во Татарстан, Кина и Монголија, Авганистан и Таџикистан! Македонците ја немаат таа историја! Не постои “бугарско прашање“ во Македонија. “Етнички Бугари“ во Македонија, Албанија и Косово нема! Во Македонија има софиски врховисти. Неприфатливо е впишување на софиски врховисти и колаборационисти како “етнички Бугари” во Уставот на државата Македонија! Потсетуваме дека врховизмот не е етничко, туку геополитичко прашање, и значи сервилност на определена номенклатура која во отсуство на доверба од сопствениот електорат, мандат за власт во Македонија бара од некоја друга и туѓа соседна метропола: Во 20 век тие метрополи биле Белград, Софија и Атина, а во 21 век се Брисел, Стразбур и Вашингтон. (2) Ја признаваме бугарската нација како политичка нација со своја културна идентификација, во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите помеѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации. Предлагаме историско македонско-бугарско помирување и Договор за траен мир и добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија, но врз основниот принцип на меѓународното право на суверена еднаквост од членот 1 на Повелбата на Организацијата на Обединетите Нации, што значи: взаемно разбирање и почитување, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи. (3) Бараме Владата и Собранието, позицијата и опозицијата, да го отфрлат барањето на Софија и Брисел за впишување на “етнички Бугари“ во Уставот на Државата Македонија, како услов за одржување на Првата меѓувладина конференција помеѓу Македонија и Европската Унија заради утврдување на Преговарачката рамка за пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија! (4) Ја отфрламе француската Преговарачка рамка од 23 јуни 2022 година и нејзината модифицирана верзија од 30 јуни 2022 година за членство на Македонија во Европската Унија, затоа што ги содржи сите барања на Бугарија од: (1) “Рамковната позиција за почеток на преговорите на Македонија и Албанија со Европската Унија“ усвоена од бугарската Влада на 9 октомври 2019 година а потврдена со декларација на Народното собрание на Бугарија на 10 октомври 2019 година; (2) Таканаречениот “Објаснувачки Меморандум“ на Софија до земјите членки на Европската Унија од 16 септември 2020 година; и (3) Декларацијата на Народното собрание на Бугарија од 24 јуни 2022 година со дополнителните услови, кои имаат за цел: Македонија од држава да стане територија без Македонски народ и историја! Француската Преговарачка рамка поставува ”услов кој не може да се исполни”, а таков договор според меѓународното право е ”ништовен” и не произведува правно дејство, бидејќи не може да се спроведе! (5) Го отфрламе Протоколот од 17 јули 2022 година за спроведување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година, во кој се содржани сите билатерални, идентитетски и историски прашања! Ги отфрламе сите записници од македонско-бугарската меѓувладина комисија за ревизија на македонската историја. Иницираме иницијатива до Уставниот суд за поништување на Протоколот од 17 јули 2022 година за спроведување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година. (6) Ги отфрламе заклучоците во врска со владината информација за француската Преговарачка рамка за членство на Македонија во Европската Унија, кои Собранието на државата Македонија со 68 гласа “за“ ги усвои на 81-та седница одржана на 16 јули 2022 година. (7) Најостро ги осудуваме територијалните претензии на Софија кон Македонија поради неизживеаниот романтизам по руската креација Голема Бугарија во Санстефанскиот мировен договор од 3 март 1878 година, после Руско-Турската војна 1877-1878 година, со цел излез на Русија на Егејското Море и Медитеранот, кој никогаш не бил спроведен, а целосно е ревидиран на Берлинскиот Конгрес одржан од 13 јуни до 13 јули 1878 година во Берлин, со согласност на големите сили за автономија за Македонија во етно-историските граници на Отоманската Империја! (😎 Апелираме до Европската Унија да ја санкционира злоупотребата на Софија со издавањето бугарски пасоши за македонските, албанските и косовските државјани, заради лажно прикажување на “етнички Бугари“ во Македонија, Албанија и Косово, потсетувајќи и на големиот број Албанците со бугарски пасоши! (9) Бараме законско санкционирање на финансирањето на здруженија, партии и медиуми на софиски врховисти и колаборационисти во Македонија од Софија, како грубо мешање на Бугарија во внатрешните работи на државата Македонија! (10) Потврдуваме дека во државата Македонија сите се еднакви пред Уставот и законите, во Македонија никој не бил дискриминиран и сегрегиран поради декларацијата Бугарин. (11) Бараме Софија да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур за правата на Македонците во Бугарија, во спротивно го поддржуваме исклучувањето на Бугарија од Советот на Европа поради флагрантно кршење на меѓународното право за човековите права и слободи на Македонците во Бугарија!

35-то Генерално собрание на СМК ја донесе Резолуцијата за формирањето на Македонско-Горанската заедница на Косово, во која се вели: (1) Повторно се поддржува одлуката на Горанското друштво во Македонија за формирање Македонско-Горанска заедница на Косово. (2) Апелираме Македонската Влада да продолжи со издавањето македонски државјанства за жителите на Гора и Призренска Жупа како Македонци по потекло. Македонците од Гора и Призренска Жупа на Косово се неотуѓив, нераскинлив и нераздвоен дел од македонскиот народ, заедно со Македонците христијани и Македонците муслимани. (3) Ги повикуваме Косовската влада и Македонската Влада во грижата за положбата, правата и слободите на Македонско-Горанската заедница на Косово, со национална стратегија прифатлива и за владината коалиција и за парламентарната опозиција, со инвестиции во Гора и Призренска Жупа за објекти од образованието, спортот, културата, здравството, животната средина и патната инфраструктура. (4) Се бара Македонската Влада да именува национален координатор за Македонците во Косово по потекло од Гора. (5) Се бара граничниот премин Стрезимир-Рестелица да работи 24 часа во текот на целата година, со подобрување на патната инфраструктура. (6) Потврдуваме дека “етнички Бугари“ во Косово нема и најостро ги осудуваме политиките на Софија за денационализација и асимилација на жителите на Гора и Призренска Жупа во “етнички Бугари” со злоупотреба на бугарските пасоши од социјални причини.

35-то Генерално собрание на СМК ја донесе Резолуцијата за ослободување на осудените за настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година, во која се вели: (1) Најостро се осудуваат политички монтираните обвиненија за “терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ и драконските казни на неправедно осудените за настаните во Собранието на Македонија од 27 април 2017 година и се бара нивно безусловно ослободување од натамошно извршување на казната и бришење на пресудите и правните последици од нив! (2) Бараме Врховниот суд на Македонија со вонреден правен лек да ги поништи пресудите против сите од настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година и да го обнови судењето поради дополнителни докази за лажни изјави на сведоци и селективен избор на докази и сведоци против обвинетите. (3) Повторно иницираме иницијатива до Уставниот суд на Македонија за оценување на уставноста на Законот за амнестија за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година донесен на седница на Собранието одржана на 18 декември 2018 година поради слективност и пренесени дискрециони права на Судот и обвинителството. (4) Бараме Македонската влада да обезбеди материјално-финансиска помош за семејствата на осудените за настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година.

35-то Генерално собрание на СМК ја донесе одлука за одржување на 36-то Генерално Собрание на Светскиот Македонски Конгрес на 8 август 2026 година (сабота) во Големата сала на Советот на Град Скопје.

35-то Генерално собрание на СМК ја донесе Резолуцијата за реафирмација на поважните македонски национални и државни празници: Светскиот Македонски Конгрес ги реафирмира поважните македонски национални и државни празници: 4 Февруари – Ден на раѓањето на Гоце Делчев, 4 Мај – Ден на убиството на Гоце Делчев, 5 Мај – Ден на Македонската азбука, 9 Мај – Ден на победата над фашизмот, 24 Мај – Ден на Македонската и сесловенска писменост, и Ден на Светите солунски браќа – Македонците Кирил и Методиј, 21 Јули – Ден на раѓањето на Александар Трети Македонски, 2 Август – Ден на државноста на Македонија, 10 Август – Светски ден на Семакедонското помирување и обединување, и Ден на геноцидот врз Македонскиот народ, 11 Август – Ден на Семакедонското знаме, 8 Септември – Ден на независноста на Македонија, 30 Септември – Ден на Македонскиот непокор, 11 Октомври – Ден на востанието на Македонскиот народ, и 8 Декември – Ден на Свети Климент Охридски. Светскиот Македонски Конгрес ги повикува Македонците и македонските заедници во светот да ги одбележуваат поважните македонски национални и државни празници, и други датуми, настани и личности од историјата на Македонија и Македонскиот народ.

35-то Генерално собрание на СМК ја донесе Резолуцијата против изградба на хидроцентрала на реката Дошница на Кожуф планина, во која се вели: (1) Упатуваме безрезервна поддршка против изградба на хидроцентрала на реката Дошница на Кожуф планина, поради последици по природата и животната средина. (2) Бараме Владата да ги поништи концесиите за изградба на хидроцентрала на реката Дошница на Кожуф планина и на другите реки на целата територија на Македонија!

35-то Генерално собрание на СМК ја донесе Резолуцијата за изработка на ревидирана Македонска национална програма, во која се вели: Се задолжува претседателот и претседателството на СМК да ги продолжат активностите за изработка на ревидирана Македонска национална програма, врз основа на Македонската национална програма донесена на Првото Генерално Собрание одржано на 7 август 1993 година во Скопје, Македонија.

35-то Генерално собрание на СМК ја донесе Резолуцијата за ажурирање на членството во СМК, во која се вели: (1) Се упатува јавен повик до македонските здруженија, партии, синдикати, верски заедници и поединци, во сите делови на Македонија, во светот и татковината, за ажурирање на членството во СМК. (2) Сите македонски здруженија, партии, синдикати и верски заедници, во сите делови на Македонија, во светот и татковината, се упатуваат на договор со Светскиот Македонски Конгрес за соработка, координација и размена на искуства и информации.

35-то Генерално собрание на СМК ја донесе Резолуцијата за изградба на Македонски конгресен центар во државата Македонија, во која се вели: Се упатува јавен повик до Македонската влада и македонските компании дома и во светот, до Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, за финансиска помош за изградба на Македонски конгресен центар, како седиште на СМК и на неговите членки и членови, со службени канцеларии, библиотека, архив, галерија, конференциска сала, банкет сала и други содржини, чиј правен наследник ќе биде Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

35-то Генерално собрание на СМК ја донесе Резолуцијата за изработка на ревидирана Македонска национална програма, во која се вели: ЗНАЕЈЌИ дека Македонците во светот се почитувани, домаќини и богати и претставуваат најдобрите амбасадори на Македонија, (1) Повикуваме на репатријација на иселените Македонци во светот назад на своите родни огништа и да купуваат имоти на целата територија на Македонија. (2) Ги поттикнуваме Македонците во светот да инвестираат во Македонија пренесувајќи во неа капитал, знаења и искуства од светот. (3) Ја повикуваме Македонската влада да утврди мерки за инвестирање на Македонците во светот во Македонија со поттикнување на развојот на селата, производството на здрава храна, патната инфраструктура, високите технологии и Вардарскиот слив како дел од пловниот канал Дунав-Егејско Море и брзата железница од Будимпешта до Атина, заедно со коридорот 10.

Пратениците на 35-то Генерално собрание на СМК на 11 август 2025 година, понеделник, од 10.30 часот ќе положат цвеќе на гробот на великанот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев во дворот на македонскиот православен храм “Свети Спас” до Калето. Панихида ќе одржи свештеник на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија со благослов од Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва. Добредојдени се сите добронамерници.


1274

Задолжително

Verified by MonsterInsights