АД ЕСМ продолжува да инвестира во иднината!

🎓⚡️АД ЕСМ продолжува да инвестира во иднината!

📢Како општествено-одговорна компанија, со гордост ја одржуваме традицијата на поддршка на најдобрите студенти. Денеска, доделивме шест нови стипендии на студенти од Универзитетот во Тетово и Машинскиот факултет при УКИМ.

🤝Заменик-генералниот директор, Реџеп Асани, им ги врачи стипендиите и им честиташе на студентите, посакувајќи им овој чин да биде дополнителен мотив за уште поголеми успеси.

📚Ова е дел од нашата долгогодишна посветеност на поддршката на образовниот процес и вложувањето во млади, талентирани кадри од областите електротехника, машинство, рударство и информациски технологии. Со еднократна годишна финансиска помош од 80.000 денари, им помагаме на идните експерти да се фокусираат на науката и да ги остварат своите академски цели.


1215

Задолжително

Verified by MonsterInsights