НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО СРЕДНОТО ЕКОНОМСКО УЧИЛИШТЕ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“
Општина Битола продолжува да инвестира во подобрување на условите во општинските училишта. Денес секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, заедно со директорката на СОЕУ „Јане Сандански“, Билјана Јанкуловска, извршија увид во реализираните проекти со финансиски средства издвоени од буџетот на Општина Битола.
Проектите опфатија реконструкција на училници во подрумскиот простор, опремување на училниците со нови школски клупи и столчиња, набавка на мебел за кабинети, како и целосно опремување на Центарот за професионален развој и обука.
Вкупната вредност на реализираните инвестиции изнесува 1.722.600,00 денари, што претставува значаен чекор во создавањето на подобри услови за едукација и професионална подготовка на учениците.