18 август – Денот на Армијата: Чест и гордост за Македонија

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип, во присуство на највисокото државно и воено раководство, денеска се одржа централната свеченост по повод „18 август – Денот на Армијата“.

На настанот присуствуваа претседателката Гордана Силјановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Претседателката Силјановска Давкова потенцираше дека Македонија живее во „едни од најнестабилните, најнепредвидливите и најнесигурните времиња“, нагласувајќи ја важноста од самоодржливост и усогласување на националните капацитети со оние на НАТО и европската безбедност.

Министерот Мисајловски најави нови набавки на возила, униформи и хеликоптери, како и дополнителна модернизација на единиците, со цел зајакнување на одбранбените способности.

Со свој став се обрати и премиерот Мицкоски:

„Оваа Армија денес стои рамо до рамо со сојузниците во светот, но и цврсто на својата земја, секогаш кога граѓаните се во неволја. Вие сте први на линијата на одбрана, но и први кои покажуваат што значи служење на народот. Армијата е срцето на државата. Ако тоа срце чука силно, тогаш и државата е здрава и сигурна. Нашата Армија чука силно, затоа и Македонија ќе оди напред. Да живее Армијата!“

Централната свеченост беше збогатена со воена парада и прикажување на дел од современата опрема, а присутни беа семејствата на припадниците на Армијата, ветерани и бројни гости.


1081

Задолжително

Verified by MonsterInsights