Mладите се двигатели на нашата иднина
АД ЕСМ додели две нови стипендии на студенти од Машинскиот факултет во Скопје и Електротехничкиот факултет при УГД Штип, како дел од заложбата за поддршка и поттикнување на талентирани и амбициозни студенти од техничките науки.
Генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев, и заменик генералниот директор Реџеп Асани лично им ги врачија стипендиите и им честитаа на студентите за постигнатите резултати, посакувајќи им уште поголеми успеси и достигнувања.
Стипендиите се дел од континуираната програма за развој на млади кадри од областите кои се од стратешко значење за нашата компанија и за иднината на енергетиката во земјата.
Студентите ја изразија својата благодарност до АД ЕСМ, нагласувајќи дека оваа поддршка претставува голем мотив за натамошен напредок и дека компанијата ја гледаат како силен партнер и можен иден работодавач.
АД ЕСМ останува посветена на создавање услови за развој на квалитетни и конкурентни кадри, бидејќи младите се двигатели на нашата иднина. ![]()