Македонија и Швајцарија – пријателство потврдено со соработка и заеднички проекти
На свеченоста по повод Националниот ден на Швајцарија, Викторија Трајков ја истакна долгогодишната традиција на искрено пријателство меѓу двете држави. Таа потсети дека соработката се темели на меѓусебна доверба и посветеност на заедничките вредности, кои низ годините биле потврдени преку бројни иницијативи и партнерства.
Особено внимание беше посветено на улогата на амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Вероник Улман, која го завршува својот дипломатски мандат во Македонија. Трајков ја опиша како дипломатка со искрен пристап, отворена за дијалог со институциите и граѓаните, која оставила силна трага во билатералните односи.
„Со амбасадорката Улман реализиравме многу заеднички проекти, особено во делот на заштита и унапредување на правата на жените во политичкиот и општествениот живот,“ нагласи Трајков, посочувајќи дека личното пријателство и довербата меѓу двете ќе продолжат и по завршувањето на дипломатската мисија.
Свеченоста беше можност да се потврди дека Македонија и Швајцарија остануваат партнери во повеќе области – од демократија и човекови права, до економија и културна размена.