Првиот „Пелистерски вајб“ во Битола собра над 2.500 посетители

Над 2.500 луѓе присуствуваа на првиот „Пелистерски вајб“, организиран од Национален парк Пелистер, БАР Општина, Uchilnica Specialty Coffee, Kamarite, De Niro Catering и Конец, по повод 8 септември – Денот на независноста на Македонија.

Настанот, кој нудеше слобода, независност, адреналин, силна енергија и забава за сите возрасти, беше поддржан и од Општина Битола, Министерството за животна средина и ПП, Prespa Ohrid Nature Trust (PONT) и Janko Ilkovski.

„Браво за Битола и битолчани!“ беше еден од пофалните коментари за присуството и ентузијазмот на посетителите, кои го направија настанот вистински празник за граѓаните.

Првиот „Пелистерски вајб“ покажува дека локалните иницијативи во комбинација со поддршка од институции и приватни партнери можат да создадат настани со силен културен, рекреативен и едукативен ефект за граѓаните.


1176

Задолжително

Verified by MonsterInsights