Филип Поповски носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Филип Поповски, редовен професор на Техничкиот факултет во Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски“, ќе биде носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во општина Битола на претстојните локални избори.

Поповски е активен академски кадар во областа на техничките науки, а неодамна беше избран и за претседател на Сенатот на УКЛО-Битола.

Во своето обраќање истакна дека со голема чест и одговорност го прифаќа предизвикот да ја предводи советничката листа. „Од денес започнуваме нова заедничка мисија со граѓаните на Битола. Ве повикувам да си подадеме рака, да се обединиме и заедно да градиме вредности за идните генерации и за иднината на нашиот град,“ порача Поповски.

Тој упати благодарност до премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, како и до Извршниот комитет на партијата за укажаната доверба.


1637

Задолжително

Verified by MonsterInsights