Битола пулсираше со ритамот на „Трчај бе“
Битола утринава пулсираше во ритамот на трчањето, музиката и забавата, со одржувањето на 7-мото издание на манифестацијата „Трчај бе“. Стартната точка на трите трки – 5.000 метри, 10.000 метри и полумаратон од 21.000 метри – беше кај Саат кулата.
Над 1.700 учесници од 15 држави се натпреваруваа во сите три категории, според правилата на Меѓународното здружение на атлетски сојузи и Атлетската федерација на Македонија. Полумаратонското државно првенство се одржа под покровителство на Атлетската федерација на Македонија.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, ги додели наградите за најдобрите во полумаратонските трки, во машка и женска конкуренција, посакувајќи им на победниците да го негуваат спортскиот дух и да освојуваат уште повеќе награди. Паричните награди за трките на 10К и 21К ги додели @halkbank.skopje, додека наградите на 5К традиционално ги додели Стефче Ѓоргиевски, легендата на македонската атлетика.
Победници:
5 км – жени
🥇 Дарија Крстевска (АК Олимп) – 19:29
🥈 Радица Јованова (АК Атомик) – 21:27
🥉 Натали Радевска (ФИТ Концепт) – 21:34
5 км – мажи
🥇 Коста Петроски (АК Делта) – 15:41
🥈 Бојан Чаприќ (АК Делта) – 15:45
🥉 Ибраим Мамудов – 15:49
10 км – жени
🥇 Памела Ени (Бугарија) – 38:10
🥈 Мињана Ристиќ (АК Делта) – 38:39
🥉 Ирма Хајдари (АК Делта) – 40:09
10 км – мажи
🥇 Иво Балабанов (Бугарија) – 31:12
🥈 Григоријан Никовски (АК Делта) – 33:17
🥉 Алберт Абази (Ускана) – 35:57
Полумаратон (21.097 км) – жени
🥇 Маринела Нинева (Бугарија) – 1:19:59
🥈 Теа Божиновска (АК Скопски Маратон) – 1:24:35
🥉 Радостина Балова (Бугарија) – 1:27:19
Полумаратон (21.097 км) – мажи
🥇 Александар Арсов (АК Делта) – 1:13:38
🥈 Муџахид Муслимовски (Ускана) – 1:13:56
🥉 Жан Тосев (Струмица) – 1:14:38
Национално првенство во полумаратон
Жени:
🥇 Теа Божиновска (АК Скопски Маратон) – 1:24:35
🥈 Марина Домазетовска (АК Делта) – 1:40:53
🥉 Ана Шикоска (АК Делта) – 1:55:08
Мажи:
🥇 Александар Арсов (АК Делта) – 1:13:38
🥈 Муџахид Муслимовски (Ускана) – 1:13:56
🥉 Жан Тосев (Струмица) – 1:14:38
Во изминатите седум години, манифестацијата „Трчај бе“ прерасна во настан кој, покрај трчањето, го спои заедништвото низ многу генерации љубители на спортот.