Работен состанок со членовите на тимовите задолжени за примена на ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015 стандардите во АД ЕСМ.
Во ТЕЦ „Неготино“се одржа работен состанок со членовите на тимовите задолжени за примена на ISO 9001:2015 и ISO 14001:2015 стандардите во АД ЕСМ.
На состанокот се разгледаа предлозите за подобрување на процедурата „Заштита на животната средина“, се подготвуваа активности за претстојните интерни и екстерни проверки, а воедно се направи и увид во текот на постапката за јавна набавка поврзана со ресертификација според ISO 14001:2015.
Остануваме посветени на постојано унапредување на системите за управување со квалитет и животна средина, согласно највисоките меѓународни стандарди.