КОЊАНОВСКИ И КАНДИДАТИТЕ ЗА СОВЕТНИЦИ НА СРЕДБИ СО БИТОЛЧАНИ

Во рамки на кампањата „Предложи идеја“, вчера се одржаа средби со граѓаните од урбаните заедници ‘Панде Кајзеро’, ‘Благојче Силјановски – Џуџето’ и Лавци. Целта на кампањата е секој граѓанин директно да ги изнесе своите предлози и иницијативи за подобрување на животот во општината.

Присутните на собирот ги поздрави градоначалникот Тони Коњановски, а свое обраќање имаа и носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, проф. Филип Поповски, како и дел од кандидатите за советници и претставниците на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола, предводени од претседателот Пеце Милевски.. Тие ја истакнаа важноста од вклучување на граѓаните во процесот на креирање политики и најавија дека секој предлог ќе биде разгледан како дел од плановите за развој на градот.

Иницијативата „Предложи идеја“ се реализира со цел граѓаните со свои идеи и предлози да помогнат во создавање на поубава и посилна Битола.


1452

Задолжително

Verified by MonsterInsights