Бронза за Марија Димовска на Европското првенство во кик бокс
На Европското првенство, Марија Димовска освои бронза за Македонија, покажувајќи неверојатна борбеност и истрајност.
Пред само пет месеци, на 13 април, таа се подложи на операција на скинат преден вкрстен лигамент и оштетен менискус. Но, само два месеца подоцна веќе започна со подготовки и успеа да се врати на големата сцена.
Во полуфиналната борба, Марија ја загуби победата за само еден бод – бод кој многумина сметаат дека заслужено требаше да биде запишан, но одлуката на судиите беше поинаква. Сепак, бронзата останува голем подвиг.