Директорот за финансии на АД ЕСМ Иван Аџија Стојановски учествуваше на првата работна средба на Единицата за техничка поддршка за праведна енергетска транзиција
Директорот за финансии на АД ЕСМИван Аџија Стојановски учествуваше на првата работна средба на Единицата за техничка поддршка за праведна енергетска транзиција.
Оваа единица е мост што ги поврзува институциите, компаниите, синдикатите и меѓународните партнери за да се постигне побрз и поефикасен премин кон почиста енергија.
Со воспоставувањето на ЕТП се обезбедува:
Јасен систем за координација, следење и известување.
Техничка поддршка за дијалог со сите засегнати страни.
Праведната транзиција не е само цел, туку и процес низ кој како релевантни чинители и засегнати страни поминуваме заедно. Енергија за сите, на начин што е одржлив, економски исплатлив и социјално праведен.