Тони Коњановски оствари средба со просветните работници

Вчера, кандидатот за градоначалник на Општина Битола од ВМРО ДПМНЕ, Тони Коњановски, оствари средба со просветни работници и други чинители во образовниот процес од основните и средните училишта во градот. Тој на негивот ФБ профил напиша:

На средбата го истакнав досегашното вложување во образованието се со цел подобрување на условите во образовните институции и заедничките активности со директорите на училиштата за подобрување на наставниот процес.

Изразив благодарност до наставниците и професорите за нивната посветеност и улогата што ја имаат во воспитно-образовниот процес на младите генерации.

Образованието е темел на развојот на нашата заедница. Со нивната љубов кон учениците се најважниот двигател на напредокот.

На средбата беа разменети идеи и предлози за понатамошно унапредување на инфраструктурата, дигитализацијата, вложувањето во спортските игралишта и во заштеда на електрична енергија со поставување на фотоволтаици.


1245

Задолжително

Verified by MonsterInsights