ВМРО-ДПМНЕ: БИСТРИЧКИОТ РЕГИОН СО БЕЗБЕДЕН ВОДОВОД И НОВА ИНФРАСТРУКТУРА

Почитувани сограѓани,

Бистрица е едно од најголемите рурални места во нашиот крај и заслужува уште подобри услови за живот Наш приоритет е изградба на нов, современ водовод, затоа што сегашниот, кој е стар повеќе од 50 години, одамна не е безбеден.

Време е домовите да имаат чиста и здрава вода, а децата во градинката и училиштето да растат без ризик од нејзина неисправност.

Ќе инвестираме и во училиштето во Бистрица, со нова фасада, нова дограма и подобра изолација, за подобри услови за децата и наставниците.

Но тука не застануваме.

Ќе го изградиме патот до манастирот во Барешани, ќе го реконструираме пристапот до училиштето во Меџитлија, ќе го обновиме патот кон Горно Ореово и мостот во Лажец.

Ова не се само зборови, имаме конкретни проекти за подобар живот и развој на нашите села.

Вистинскиот избор е изборот за чиста вода, сигурни патишта и подобра иднина за сите нас.

Со твојот човек!

За твоето место!

За твојата иднина!


1184

Задолжително

Verified by MonsterInsights