Ристески: Македонски Брод треба да се чува, да се негува и да се гради

Кандидатот за градоначалник на Македонски Брод од ВМРО-ДПМНЕ, Жарко Ристески, се обрати на народниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.

Во своето обраќање, Ристески порача дека Македонски Брод е повеќе од град – тоа е емоција, минато, сегашност и иднина која треба да се гради со заеднички труд и посветеност.

„Излегуваме со конкретна програма, програма која ја работевме заедно со вас. Таа содржи реални и остварливи проекти. Во наредниот мандат нема да ветувам чуда, туку чесна работа и посветеност на она што може и мора да се направи“, рече Ристески.

Тој најави дека неговиот фокус ќе биде насочен кон младите, инфраструктурата и локалниот економски развој. Меѓу најавените проекти се реконструкција и изградба на локалните патишта, повторно отворање на училишната кујна „Здрава храна за секое дете“, субвенции за возачки испит за секој матурант, стипендии за студенти од областа на туризмот, како и организиран бесплатен превоз за децата во градинка.

„Планираме и реконструкција на средното училиште, ученичкиот дом и детската градинка со енергетски ефикасни материјали и поставување на фотоволтаична централа. Особен акцент ќе биде ставен на уредување на речното корито на Треска во централното градско подрачје“, истакна Ристески.

Во завршницата од својот говор, тој апелираше до граѓаните да ја продолжат поддршката за развојот на Македонски Брод и да излезат масовно на локалните избори.

„Ве повикувам да продолжиме заедно, а не да застанеме таму каде што започнавме. На 19 октомври излезете и гласајте за број 9 – за градоначалник, за советничката листа, за нашата Македонија. За нашето место, за нашата заедничка иднина и развојот на општина Македонски Брод“, порача Ристески.


1316

Задолжително

Verified by MonsterInsights