Рубио му предаде итна белешка на Трамп за мировен договор на Блискиот Исток за време на тркалезна маса за Антифа
U.S. Secretary of State Marco Rubio updates U.S. President Donald Trump on the Gaza proposal during a roundtable on antifa, an anti-fascist movement Trump designated a domestic "terrorist organization" via executive order on September 22, at the White House in Washington, D.C., U.S., October 8, 2025. REUTERS/Evelyn Hockstein
Во необична сцена во Белата куќа, државниот секретар Марко Рубио вчера му предаде итна белешка на претседателот Доналд Трамп за можен мировен договор на Блискиот Исток – додека Трамп одржуваше тркалезна маса со конзервативни инфлуенсери на тема Антифа.
Настанот се одржуваше во Сината соба, каде Рубио, стоејќи во задниот агол, го привлече вниманието на претседателот. „Имам вести, но ќе почекам додека не заминат медиумите“, му рече Рубио, пред да му предаде белешка на Трамп.
Фоторепортерите веднаш ја „уловија“ содржината на документот, напишан на официјален меморандум на Белата куќа:
„Треба наскоро да одобриш објава на Truth Social за да можеш прв да го најавиш договорот.“
Неколку моменти подоцна, Трамп им се обрати на новинарите:
„Државниот секретар ми предаде белешка дека сме многу блиску до договор на Блискиот Исток и дека наскоро ќе ми требаат. Ќе одговориме уште на неколку прашања.“
Белешката дојде во клучен момент — додека водечкиот советник на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, катарскиот премиер шеик Мохамед бин Абдурахман Ал Тани и други високи претставници учествуваа во третиот ден од мировните разговори меѓу Израел и Хамас во египетско летувалиште. Преговорите, според дипломатски извори, навлегле во најчувствителната фаза на американскиот план за ставање крај на војната во Газа.
Трамп уште на почетокот на настанот најави дека планира посета на регионот „кон крајот на неделата“, со можни посети на Египет и, како што рече, „можеби дури и на Појасот Газа“.
Иако Рубио делуваше видно вознемирен, Трамп продолжи со разговорот со инфлуенсерите и медиумите речиси десет минути по добивањето на белешката.
„Сега морам да одам да решавам некои проблеми на Блискиот Исток,“ рече на крајот Трамп. „Иако, искрено, државниот секретар можеби ќе го направи тоа и подобро од мене. Но, да не ризикуваме.“
Претседателот потоа ги повика државната обвинителка Пам Бонди и секретарката за внатрешна безбедност Кристи Ноем да останат и да одговараат на прашања. Но, настанот заврши без тие да преземат збор.
„Ќе донесеме мир на Блискиот Исток,“ заврши Трамп. „Тоа е она што сакаме да го направиме.“