ВМРО – ДПМНЕ: ИНФРАСТРУКТУРА ЗА МОДЕРНИ И ПОВРЗАНИ НАСЕЛЕНИ МЕСТА

Почитувани сограѓани,

Секое населено место е важен дел од нашата заедничка приказна, а секој вложен метар во пат, улица или инфраструктура е инвестиција во подобра иднина.

Во изминатиот период реализиравме значајни инфраструктурни зафати:

– реконструирани се улиците во Логоварди, Егри, Лажец, Оптичари, Долно Оризари и Горно Оризари,

– поставено е осветлување на потегот од битолската млекара до Долно Оризари,

– реконструирани се локалните пристапни патишта кои водат кон селата Дихово, Брусник, Буково, Цапари, како и патот до црквата „Св. Илија“ во с.Крклино.

Во следниот период продолжуваме со истата динамика и ќе изградиме нови улици таму каде што жителите преку своите месни заедници ги поставиле како приоритет

– во селата Карамани, Ротино, Трн, Братиндол, Горно Српци, Поешево и Брусник.

Ќе се реконструира и патот до манастирот „Св. Меркуриј“ во

с. Барешани, локалниот пат за Раштани, патот за Горно Ореово, пристапниот пат до училиштето во Меџитлија, локалниот пат до Змирнево, мостот во Лажец, како и уредување и регулирање на дел од Раштанскиот порој во Горно Оризари.

Вистинскиот избор секогаш е работа, резултати и конкретни промени. за современи и модерни рурални средини, кои одат напред.

Остануваме посветени за твоето место, со твојот човек за нашата иднина!


1249

Задолжително

Verified by MonsterInsights