Отворање на Шведско-Македонска Стопанска Комора: Нови можности за Економска и Бизнис соработка помеѓу Македонија и Шведска
На 24 октомври во Стокхолм ќе се отвори Шведско-Македонската Стопанска Комора, со цел да се унапредат билатералните економски врски.
Денес, на македонскиот пазар се активни над 40 шведски компании, додека во Шведска работат повеќе од 50 македонски фирми, во сектори како автоиндустрија, ИТ, здравство, текстил, трговија и гастрономија.
Трговската размена бележи раст: во 2024 година македонскиот извоз во Шведска надминал 46 милиони евра, главно чоколадо, машки кошули, обувки, машини за подигање и производи од кожа.
Македонија нуди конкурентни предности за инвеститорите: 100% странска сопственост, ниски даноци, поддршка до 1 милион евра, развиена ИКТ индустрија и поволна локација на транспортните коридори 8 и 10.
Комората ќе овозможи деловни мисии, едукативни настани, поддршка за стартапи и мали компании, како и активно вклучување на македонската дијаспора во Шведска.
Целта е зголемување на трговската размена, инвестициските иницијативи и продлабочување на економските врски помеѓу двете земји.