ЕСМ потпиша Договор за грант со Германската развојна банка КфВ

🚀АД ЕСМ денеска означи клучен чекор кон својата зелена и пазарно ориентирана трансформација! Со потпишувањето на Договор за грант со Германската развојна банка КфВ обезбедени се 1,5 милиони евра техничка помош, финансирани од Европската Унија.

🎯Целта е зајакнување на внатрешните капацитети и забрзување на претстојните активности за енергетска транзиција на компанијата.

💬Lazo Uzuncev, генерален директор на АД ЕСМ: „Овој грант претставува стратешки камен-темелник за нашата институционална трансформација кон сеопфатна, зелена и пазарно-ориентирана компанија. Посветено работиме ЕСМ да ја направиме комерцијално – конкурентна сила на европскиот енергетски пазар. Финансирањето ќе ги зајакне нашите внатрешни капацитети и корпоративно управување, осигурувајќи ја оперативната одржливост, јакнејќи ја енергетската безбедност на земјата и забрзувајќи го намалувањето на јаглеродниот отпечаток 🌳.“

💬Штефан Худолин, Делегација на ЕУ во Скопје: „Забрзувањето на зелената транзиција никогаш не било толку блиску и толку возможно. Со поддршката од ЕУ и партнерите во KfW, земјата ќе ја забрза декарбонизацијата на енергетскиот сектор. Оваа акција има трансформативен ефект за преминување од јаглен кон зелена енергија, придонесувајќи за стабилен енергетски сектор во нестабилен климатски и геополитички свет.“

💬Пабло Обрадор, директор за Југоисточна Европа и Турција, KfW: „Енергетската транзиција бара подготвени енергетски компании кои ќе можат да се справат со предизвикувачките услови. Со овој проект, KfW ќе ја поддржи трансформацијата на ЕСМ, која ќе им овозможи подобро позиционирање и ќе им помогне да ја подобрат својата ефикасност и подготвеност за пазарот“.


1178

Задолжително

Verified by MonsterInsights