Битолска меморија: Архитектонските приказни на нашиот град

Во чест на Денот на ослободувањето на Битола, 4 ноември, Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, заедно со Македонското научно друштво – Битола, Cultural Connection, Факултетот за информатички и комуникациски технологии и Бабам Битола, организира отворање на изложбата „Битолска меморија“, посветена на архитектонските приказни на градот.

Преку книги, периодични списанија, фотографии и зачувани урбани фрагменти, изложбата води низ тивките слоеви на Битола, каде секоја фасада и секоја улица носат свој спомен. Посетителите добиваат можност да се потсетат на минатото и да ја ценат важноста од негувњето на културното наследство.

Битола се прикажува како дом на книгата и пишаниот збор, со историска длабочина и документарна точност — град што го чува духот на културата, знаењето и трајноста на човечката мисла, изразен преку детали, светлина и време впишано во камен и архитектура.

Настанот ќе се одржи на 4 ноември во 12:00 часот, во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, каде присутните ќе можат заедно да ја проследат оваа визуелна приказна на сеќавање и почит.


1173

Задолжително

Verified by MonsterInsights