Премиера на документарниот филм “Мојот вујко Стив Наумов“
Во рамки на одбележувањето на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, во петок, на 7 Ноември 2025 година, во Кино Манаки – Битола, со почеток од 18ч. премиерно ќе биде прикажан долгометражниот документарен филм “Мојот вујко Стив Наумов“. Филмот е во продукција на Македонско – турското здружение “Мустафа Кемал Ататурк“ – Битола, по идеја на Шенол Мемиш, камера и монтажа на Дејан Младеновиќ. Во филмот, снимен на неколку локации низ Битола, за херојскиот живот на народниот херој Стеван Наумов Стив раскажува неговиот внук од сестра, Стефан Бошков.
“Мојот вујко Стив Наумов“ е трет филм на Шенол Мемиш и Дејан Младеновиќ. Минатата година ги снимија филмовите “80 години Слободна Битола“ и “Димче Миновски“.
Влезот на премиерата е слободен!