Тесла со пад на продажбата во Европа – ја притиска кинеската конкуренција

Tesla бележи нов пад на продажбата во Европа. Најголем е во Шведска (–90%), а намалување има и во Норвешка, Холандија, Италија и Шпанија. Единствен исклучок е Франција, со раст од 2,4%.

Иако европскиот пазар на електрични возила расте, Tesla губи дел од уделот поради ограничена понуда на модели, застарен дизајн и одложени освежувања.

Во првите десет месеци од 2025 година продажбата е намалена за речиси една третина.

Главна причина – растот на кинеската конкуренција (BYD, NIO, XPeng, MG), која нуди поевтини, технолошки напредни и побрзо достапни модели.

„Кинеските брендови веќе не се закана од иднината, туку од сегашноста,“ предупредуваат аналитичари.

Без нови и подостапни модели, Tesla ризикува да ја изгуби водечката позиција во Европа.


1241

Задолжително

Verified by MonsterInsights