Креативен час со учениците од ОУ „Коле Канински“ – Битола

Читањето е храна но и фитнес за мозокот, ја убива здодевноста, го подобрува памнењето и ја зголемува концентрацијата.

Вчера со учениците од 5-III одделение од ООУ „Коле Канински – Битола и наставничката Биљана Чурлевска Маневска реализиравме активност преку анализа на лектирното дело „Пајажината на Климентина“ со примена на разни иновативни техники и стратегии за равивање на критичкото мислење, аналитички вештини и јазична писменост кај учениците.

Под мотото „Книгата е мојот најдобар другар“ учениците ги идентификуваа клучните теми и ликови во лектирата.

Обработката на лектирните дела на овој начин ја поттикнуваат љубовта кон читањето и им ја покажуваат важноста на книгата како извор на знаење и инспирација.

Креативноста на учениците дојде до израз со изработка на постер преку кој ги изразија емоциите во врска со книгата и со пишување на писмо до авторот во кое ги споделуваат своите инспирации за тоа како да станат подобри луѓе и како да се применуваат позитивните вредности во животот.

Учениците изработија и интерактивни книги кои ги поврзуваат учениците со реалниот свет.

Посетата претставуваше одлична можност за учениците да научат повеќе за библиотекарството, да се запознаат со богатството што го нудат книгите и да се мотивираат за почесто читање и истражување.


1063

Задолжително

Verified by MonsterInsights