ЗЛАТО И СРЕБРО КАТА ТИМ И ПЛАСМАН ЗА ЕВРСКО ПРВЕНСТВО ЗА К.К. „ЗАНШИН ДО „-БИТОЛА
Во организација на Карате клубот „Заншин“ ДОО од Битола, на Државното првенство за кадети и јуниори кое се одржа во сабота, 15 ноември 2025 година, во салата „Крсте Мисирков“ во склоп на настанот „Ченто“, битолските каратисти остварија историски успех.
Каратистите Александар Божиновски, Михаил Марковски и Давид Стојчевски се прваци држава во карате ката тим во машка конкуренција, освојувајќи го златниот медал. Со овој резултат, тие обезбедија пласман за Европското првенство за кадети и јуниори, што претставува прв државен наслов во оваа дисциплина за Битола.
Во женска конкуренција, репрезентативките на клубот, Леона Алиловска, Елена Јончевска, Емилија Илковска и Надалина Талевска, ја освоија титулата државен вицешампион, освојувајќи го сребрениот медал во ката тим.
Тренерката на клубот истакна дека е горда на постигнатото, нагласувајќи дека за успехот во карате катите е потребна долгогодишна посветеност, а сите овие млади спортисти веќе 10-12 години редовно тренираат. Истакнувајќи дека целта полека се постигнува, таа потсети дека клубот не застанува на ова, туку продолжува со подготовките за следните предизвици.