Во Битола за 24 часа наврнаа 30 литри на метар квадратен
Според УХМР и податоците објавени утрово, во последните 24 часа во Битола наврнаа 30 литри на метар квадратен. Утрово во Битола беше измерена температура од 10 степени. Според прогнозата – под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.