Општина Битола на Меѓународниот самит на градоначалници во Париз за зајакнување на мерките против антисемитизмот
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и општинскиот секретар Борче Димитровски учествуваа на Меѓународниот самит на градоначалници против антисемитизмот во Париз, организиран од градоначалничката Ан Идалго. Настанот ги обедини локалните лидери и експерти со цел размена на искуства и зајакнување на мерките против сите форми на дискриминација и омраза.
Учесниците дискутираа за практични стратегии, успешни иницијативи и зајакнување на прекуграничната соработка за едукација, безбедност и доверба во заедниците. Целта на самитот беше развој на заеднички решенија и засилување на солидарноста меѓу градовите.
За време на посетата на Париз, градоначалникот Коњановски и Димитровски остварија и работна средба со македонскиот амбасадор во Франција, Игор Николов.