Модерна технологија за ефикасен надзор на природните ресурси
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини воведува современ дигитален систем и специјализиран дрон за мониторинг на концесиите за минерали, соларни и ветерни инсталации.
Со новата технологија инспекциите стануваат поефикасни:
• Прецизно следење на концесиите за минерални суровини
• Контрола на точни координати и инфраструктура на соларните панели и столбови за мерење на ветерни паркови
• Брза и ефикасна работа без физичко присуство на терен
Со дигиталниот систем и дронот ја унапредуваме инспекциската контрола и овозможуваме современ, одговорен надзор. Концесиите ќе се користат согласно законот и највисоките стандарди.
Вработените поминаа специјализирана обука за управување со дронот и правилна интерпретација на податоците, што гарантира професионален и прецизен надзор.