ОДРОН НА ПАТОТ ОД РЕСЕН КОН ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН СТЕЊЕ

Поради одрон, во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен кон граничниот премин Стење.

Денеска (25.11.2025) од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен-граничен премин Стење.

МВР апелира до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена.


1144

Задолжително

Verified by MonsterInsights