ФЕСТИВАЛ НА МУЗИКА ОД СВЕТОТ: ВЕЧЕР СО ВИРТУОЗНАТА GAMAZDA ВО БИТОЛА

На 1 декември 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во Големата сала на Народниот театар Битола ќе се одржи настап на светски познатата пијанистка Gamazda, дел од програмата на „Фестивал на музика од светот – Битола“.

Публиката ќе има можност да ужива во единствен музички перформанс што ги спојува класичната традиција со современиот рок звук. Gamazda – уметничкото име на руската пијанистка Александра Кузнецова – е позната по своите впечатливи интерпретации во кои маестрално ги комбинира делата на Моцарт, Металика, Ханс Цимер, Квин и други светски автори, создавајќи моќно и динамично музичко доживување.

Родена во Москва, Кузнецова започнува да свири пијано на тригодишна возраст, а во 2014 година дипломира со највисоки почести на престижниот Московски конзерваториум „Чајковски“. Денес е меѓународно призната артистка со милиони прегледи на YouTube и оригинални аранжмани што ѝ донесоа признанија од бендови како Red Hot Chili Peppers, Papa Roach и Tool.

Концертот најавува вечер исполнета со енергија, виртуозност и уникатна пијано магија која ретко се слуша во живо.
Билетите се достапни онлајн на официјалната страница на Народниот театар Битола.


1148

Задолжително

Verified by MonsterInsights