Младоженец избегал од пред oлтар пред венчавка во Скопје

Необичен и речиси филмски инцидент го изненади храмот „Богородица“ во Скопје за време на групна венчавка, кога еден од младоженците мистериозно исчезна точно пред почетокот на церемонијата.

Црквата организирала заедничко венчавање за повеќе парови кои со години живееле заедно, но немале црковен брак – свечен чин со сите обреди. Но токму пред изговарањето на судбоносното „да“, еден младоженец незабележливо го напуштил храмот, предизвикувајќи привремено прекинување на венчавката и панична потрага.

По кратко време, тој бил пронајден и убеден да се врати пред олтарот, по што церемонијата успешно продолжила до крај.

Причината за неговото ненадејно бегство останува непозната – особено затоа што парот со години живее во стабилен однос, што ја прави оваа мистерија уште поголема.


1078

Задолжително

Verified by MonsterInsights