Општина Новаци усвои развоен буџет за 2026 година од над 230 милиони денари
Советот на Општина Новаци го усвои Буџетот за 2026 година со вкупен износ од 230.980.080 денари. Буџетот е развоен и има за цел обезбедување средства за реализација на капитални и развојни проекти, како и директна поддршка за граѓаните.
Во рамки на буџетските приоритети, посебен акцент е ставен на мерки за поддршка на жителите на општината. Предвидени се субвенции за набавка на климатизери, како и субвенции за полагање и добивање возачка дозвола од Б категорија за млади лица до 26 години.
Како значајна новина, општината оваа година ќе обезбеди и ваучер во износ од 6.000 денари за секој ученик во основното образование, мерка која беше дел од предизборните ветувања на локалната власт.
Од Општина Новаци информираат дека Советот и понатаму ќе носи одговорни одлуки насочени кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и поттикнување на севкупниот развој на општината.