500 деца на традиционалниот божикен ручек во Прилеп
500 деца од повеќе општини присуствуваа на традиционалниот божикен ручек што во Прилеп по 20. јубилеен пат го организираше невладината „Детската амбасада за сите деца во светот“.
Ручекот беше организиран на пладне во прилепскиот ресторан „Симфонија“ каде на заедничката божикна трпеза беа деца од повеќе целни групи од Прилеп, Битола, Скопје, Куманово, Тетово, Струмица, Охрид, од Штип и од други градови и општини.